Спортскот суд ја одби жалбата на руските параолимпијци

Арбитражиот суд за спорт го одби барањето на Русија да се укине забраната за настап на параолимписките игри во Рио.

Параолимпискиот комитет на Русија поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот параолимписки комитет да им забрани на руските спортисти да учествуваат на Параолимпијадата од 7 до 18 септември..
Претходно овој месец, Меѓународниот комитет му забрани на целиот тим на Русија, кој брои речиси 270 спортисти да настапат на Параолимпијадата, поради скандалот со допинг кој ја тресе Русија.