Руски војник осуден за убиство на ерменско семејство

Судот во Ерменија го осуди на доживотна казна затвор рускиот војник, Валери Пармјаков, кој минатата година уби седум члена од едно ерменско семејство. Судот не даде објаснување каде војникот ќе ја отслужува казната. Војникот кој после убиствата се обиде да избега во странство, претходно од рускиот суд беше осуден за дезертерство.