ОН: Ќе има масовно раселување од Мосул

Повеќе од еден милиони луѓе може да бидат раселени за време на воената операција за враќање на ирачкиот град Мосул, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Мосул сега е во рацете на екстремистичката група Исламска држава. Од УНХЦР велат дека состојбата во Мосул може драматично да се влоши. Тие очекуваат воената офанзива да погоди околу 1,2 милиони луѓе. Од Агенцијата велат дека се потребни повеќе пари, како и земјиште каде ќе бидат поставени кампови за бегалците.

Ирачките безбедносни сили поддржани од коалицијата предводена од САД започнаа офанзива за враќање на територија во владение на ирачките власти.