Кери: при крај разговорите со Русија за соработка во Сирија

Американскиоот државен секретар Џон Кери изјави дека разговорите меѓу САД и Русија за воена соработка во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија биле при крај. „Во наредните денови нашите тимови ќе се сретнат и во зависност од тоа како ќе се одвива дискусијата најверојатно јас и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе се сретнеме уште еденаш“, рече Кери за време на посетата на Кенија. Тој предложи размена на разузнавачки информации со Русија со цел координирање на воздушните напади против ИД и огранокот на Ал каеда во Сирија Фронтот Нусра.