Германија, Франција и Италија со засилени безбедносни мерки

Лидерите на Италија, Франција и Германија ветија зајакнати заеднички безбедносни мерки како одговор на нападите на исламистичките екстремисти. Италијанскиот премиер Матео Ренци, германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ветија нови економски перспективи за младите во Европа. Инаку, по нејзиниот престој во Италија Ангела Меркел деновиве треба да ги посети Естонија, Чешка и Полска. В петок во Берлин таа ќе биде домаќин на Берлинскиот собир на кој ќе учествуваат лидерите на Холандија, Шведска, Финска и Данска, а в сабота лидерите на Словенија, Австрија, Бугарија и Хрватска. Средбите се подготовка за самитот кој следниот месец треба да се одржи во Братислава, а на кој земјите членки се среќаваат за првпат без Велика Британија.