Турција суспендира полицајци

Турските власти суспендираа 95 полициски службеници, меѓу кои и полициски шефови во Истанбул. Ова е последната во низата мерки по неуспешниот државен удар минатиот месец.

Околу 80 илјади луѓе се отпуштени или суспендирани по обидот за пуч, меѓу нив имаше вработени во полицијата, војската, судството и државната служба, но и просветни работници во приватни училишта. Турција за нив вели дека се следбеници на проповедникот Фетула Ѓулен, кога Анкара го обвинува дека стои за обидот за воен удар.