Судијата во случајот против Савченко си даде оставка

Рускиот судијата кој го водеше процесот против украинската пилотка Надја Савченко, си поднел оставка, но не се достапни повеќе детали. Савченко беше уапсена во источниот дел на Украина во 2014 и помина речиси две години во притвор во Русија. Во март годинава беше осудена на 22 години затворска казна откако ја осудија за вмешаност во убиство на двајца руски новинари кои известувале од украинскиот конфликт. Во мај, Савченко беше ослободена како дел од размена на затвореници.