Меркел на тура за подготовка за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел ја започнува европската турнеја во рамки на која ќе посети неколку држави и ќе се сретне со 15 лидери во обид да се координираат како ќе одговорат на излезот на Британија од Европската унија. Денеска таа се среќава со францускиот претседател Франсоа Оланд и со италијанскиот премиер Матео Ренци.

Потоа Меркел ќе ја посети Естонија, Чешка и Полска. Во рамки на овие посети ќе се сретне со премиерот на Полска Беата Шидло и со лидерите на Вишеградската група во која членуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.

Во петок, во Берлин, ќе биде домаќин на Берлинскиот собир на кој ќе учествуваат лидерите на Холандија, Шведска, Финска и Данска, а во саботата лидерите наСловенија, Австрија, Бугарија и Хрватска.

Средбите се подготовка за самитот кој следниот месец треба да се одржи во Братислава, на кој земјите членки се среќаваат за првпат без Велика Британија.