Обезбедена добиточна храна во поплавените региони

Околу 15 илјади килограми храна за преживеаниот добиток е поделена во поплавените региони, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму велат дека храната е обезбедена од донации. Храната е делена според број на преживеани животни, по проценките направени на терен.

Акцијата за обезбедување донации во добиточна храна наменета за сточарите од поплавените региони ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството.