Заврши руското користење на воената база во Иран

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека руското користење на воената база во Хамедан за напади врз цели во Сирија засега заврши. Портпаролот на министерството, Бахрам Гасеми ова го соопшти на денешната средба со новинарите.

„Русија нема база во Иран и не е стационирана тука. Тие ја спроведоа оваа операција и таа сега е завршена“, рекол Гасеми.

Тој додаде дека руското користење на базата било „привремено, врз основа на руско барање“ и повторни дека Русија „нема база во Иран“.

Ирански претставници изјавија дека руските авиони полнеле гориво во воздухопловната база Шахид Нојех во близина на Хамедан и дека тоа било дел од „стратешката соработка“ со Русија.

Техеран и Москва го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад и му помагаат да остане на власт.