Помош за Западен Балкан да се справи со мигрантската криза

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави денеска во Прага дека Европа нема да успее да се избори со безбедносни закани, како што се терористички напади и миграциски бран, ако не формира своја армија.

Соботка на редовно годишно советување со чешки амбасадори побара поголема помош за држави од поранешна Југославија на балканската рута.

Тој рече дека државата во рамки на Вишеградската четворка настојува да им помогне на држави од Западен Балкан, не само хуманитарно, туку и со испраќање полицајци и опрема да ги обезбедат границите пред миграцискиот бран.

Чешка според него, ќе продолжи да бара и ефикасна помош и координација со држави од Западен Балкан и од ЕУ.