Протест на ЛГБТ заедницата во Истанбул

Околу 200 активисти за правата на трансродните лица мирно протестираа во Истанбул, барајќи казнување на одговорните за неодамнешното брутално убиство на една трансексуалка. Телото на 22 годишната проститутка Ханде Кадер било најдено запалено во еден од елитните квартови на Истанбул, неколку дена откако била видена како влегува во автомобил на еден клиент. Кадер беше активен борец за правата на ЛГБТ популацијата. Оваа заедница соопшти дека од 2008 година во Турција биле ибиени околу 40 трансексуалци.