Во Египет убиени двајца полицајци

Египетските власти соопштија дека двајца полицајци биле убиени денеска кога вооружени лица отвориле оган на безбедносен контролен пункт северно од главниот град Каиро.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека три вооружени лица во возило без регистарски таблички отвориле оган кон пунктот во градот Садат. Во нападот се повредени тројца полицајци и двајца цивили, соопшти министерството за здравство.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а надлежните спроведуваат истрага. По военото отстранување од власт на претседателот Мохамед Морси во 2013 година во Египет има серија смртоносни напади чија главна цел се безбедносните сили.

Во нападите беа убиени стотици војници и полицајци најмногу од нив на Синајскиот полуостров на северерот од земјата. За поголем дел од нападите одговорноста ја преземаа соработниците на Исламска држава во Египет, кои се нарекуваат Синајска покраина.