Пожар кај Дебриште, Росоманско

Пожар зафати трева и нискостеблеста шума кај селото Дебриште, Росоманско. Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информира дека гори површина од околу пет хектари.

"Кавадаречките пожарникари се на терен, во гаснењето се вклучени и жители од селото. Се прават напори да се локализира пожарот и да не се дозволи тој да навлезе во селото", вели Богевски.