Расте бројот на загинати од нападот на свадба во Турција

Турските власти соопштија дека бројот на загинати во бомбашкиот напад на свадба во градот Газиантепе се зголемил на 50 луѓе. Претходно се јавуваше за 30 загинати и 94 повредени.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Исламска држава дека стои зад нападот кој се случи доцна вчера. Заменикот премиер Мехмет Симсек пак оцени дека варварскиот напад изгледа бил извршен од бомбаш самоубиец.

Ниту една група засега не ја презема одговорноста. Газиантепе е лоциран околу 60 километри од сириската граница. Во североисточна Турција, каде што претежно живеат Курди, во изминатата година имаше неколку смртоносни напади кои се поврзуваат или со курдските сепаратистички милитантни или со Исламска држава.