Руска опозициска партија нема да води кампања во Крим

Руската опозициска партија ПАРНАС нема да води кампања за претстојните парламентарни избори во анектираниот регион Крим, бидејќи украинската влада се противи на тие избори. Од партијата велат дека ќе ја почитуваат одлуката на Украина и ќе постапат согласно меѓународното право. Опозициската партија смета дека анектирањето на Крим од руска страна е нелегално и дека полуостровот треба да се врати под украинска власт.