Ребаланс на Буџетот за обештетување на поплавените

На секое семејство што беше поплавено во невремето на 6 август ќе му бидат авансно исплатени по околу 30 илјади денари, најави денеска премиерот Емил Димитриев. Тој очекува исплатата на парите да започне уште денеска.

Тој вели дека се посетени околу четири илјади семсјства, а за половина од нив се обработени податоците. Премиерот вели дека Владата ќе му предложи на Собранието ребаланс на Буџетот со кој ќе се обезбедат две милијарди денари за обештетување на поплавените семејства.