До ДИК се пријавиле речиси 8.000 спорни гласачи

До Државната изборна комисија, заклучно до 12 часот денеска, се пријавиле вкупно 7.931 граѓани, чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците. Рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК истекува денеска во 19 часот, а електронската апликација ќе биде отворена до полноќ.

Пријавувањето на спорните гласачи почна на 26-ти јули. Тие имаа рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи. Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список.