Русија спроведува „логистички вежби“ во Крим

Руските воени сили спроведуваат „логистички вежби“ во и околу Кримскиот Полуостров, регионот што го анектираа во 2014 година. На вежбите учествуваат копнените и поморските сили, јави денеска руската агенција РИА-Новости.

Целта на вежбата е да се обучат војници и да се преместат трупи, оружје и друга опрема од Русија во Крим. На вежбата учествуваат околу 2.500 војници, 350 оклопни возила, брод- носач на авиони, подморница.
Сегашната вежба е предвесник на големите воени вежби планирани за во септември.

Тензиите за Крим пораснаа претходно овој месец откако Москва обвини дека Киев заговара дестабилизација на Крим. Во последните недели е зголемено и насилството во источна Украина. Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера предупреди дека не ја исклучува можноста за руска инвазија во полн обем, додавајќи дека ситуацијата во источниот дел од Украина и околу Крим продолжува да се влошува.