Порошенко стравува од руска инвазија

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека се уште има значајна можноста за ескалација на конфликтот со Русија и со проруските сепаратисти во источна Украина и дека не може целосно да се отфрли можноста за руска инвазија во полн обем.

Порошенко вели дека ситуацијата во источниот дел на Украина и во анектираниот Крим, продолжува да се влошува и дека ќе треба да се воведе воена состојба и да се нареди мобилизација.

Порошенко вели дека „непријателот“ се обидува да го поткопа мировниот процес од Минск. Претходно воените власти соопштија дека тројца украински војници загинале во борбите против проруските сепаратисти.