До ДИК се пријавиле речиси седум илјади спорни гласачи

Вкупно 6.984 граѓани денеска до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за регулирање на избирачкото право. Овие луѓе се меѓу 39.502 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Најмногу пријавени има во општините Чаир, а потоа следуваат Сарај, Куманово, Тетово...

Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува утре.