Турција приведе 24 новинари од про-курдски весник

Турската полиција приведе 24 луѓе вработени во про-курдскиот дневен весник Озгур Гундем, кој оваа недела беше забранет поради сомневање дека поддржува курдски милитанти.

Со тоа, бројот на приведени медиумски работници во Турција е зголемен на 99. Таа држава според Европската федерација на новинари, стана „најголема затворска ќелија за новинари.

Како што е наведено на сајтот на Озгур Гундем, најмалку 24 луѓе од редакцијата се приведени додека други добиле казна – домашен притвор. Приведени се и четири други репортери од други медиумски куќи кои известувале за полициската акција во редакцијата на весникот Озгур Гундем.