Фронтекст распоредува повеќе сили на бугарските граници

Европската служба за контрола на надворешните граници на Унијата - Фронтекс најави распоредување на допонителен број свои припадници на границата на Бугарија кон Турција и Србија.

Како што јави БТА, на бугарската граница кон Турција ќе бидат распоредени уште дополнителни 77 припадници на Фронтекс, а кон Србија уште 35.

Според Претставниптвото на Европската комисија во Бугарија, одлуката за распоредување на дополнителни сили на Фронтекс е донесена на барање на Софија.

Задача на припадниците на Фронтекс ќе биде да им помогнат на бугарските власти во засилување на контролата на својата граница.