Владите на Србија и Албанија на состанок во Ниш

Заедничка седница на владите на Србија и на Албанија ќе се одржи следниот месец во Ниш, информира извор од српските власти за Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа. На седницата ќе присуствуваат и претставници на косовските Албанци. Деталите се уште не се утврдени, но засега е познато дека нема да учествуваат косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа. Делегацијата на Албанија ќе ја предводи премиерот Еди Рама.