Проценете штета од поплавите во над 3.500 домови

Проценети се штетите во над 3.500 домови во поплавените подрачја. Проценката ја прават четириесет тимови кои се на терен. Освен тоа проценета е штета и на околу 800 земјоделски парцели, а проценката ја прават 15 тимови, рече премиерот Емил Димитриев при денешната посета на Црешево.

Тој најави дека наскоро ќе почне во оштетените подрачја да оди Комисијата за проценка на автомобили и земјоделска механизација.

Премиерот Димитриев им вети на жителите дека се што им е оштетено ќе биде надоместено.