До ДИК се пријавиле повеќе од 6.000 спорни гласачи

Вкупно 6.181 граѓанин денеска до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за регулирање на избирачкото право. Овие лица се меѓу 39.502 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Најмногу пријавени има во општините Чаир, а потоа следуваат Сарај, Тетово, Куманово...

Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува во петок на 19 август. Регулирањето на избирачкото право граѓаните ќе можат да го направат и за време на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите што најверојатно ќе се одржат оваа година.