Шеќеринска имала сообраќајка кај Гевгелија

Илустрација.

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и нејзините родители биле во едно од возилата што утрината учествуваа во сообраќајната несреќа кај надвозникот кај село Мрзенци, на автопатот Скопје - Гевгелија, потврдија од партијата.

Заменик претседателката Шеќеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба, стои во соопштението од СДСМ.

СВР Струмица претходно информираше дека во сообраќајната незгода едно лице е полесно повредено, а сообраќајот на оваа делница се пренасочува.