Турција ќе ослободува затвореници за да ја намали пренатрупаноста

Турција планира да ослободи околу 38 000 затвореници со посебна програма во обид да ја намали пренатрупаноста во затворите предизвикана од масовните апсења по обидот за пуч минатиот месец.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг денеска на Твитер напиша дека владината одлука за ослободување била одобрена.

Турските затвори беа преполни и пред апсењата по неуспешниот обид за пуч, по кој повеќе од 35 000 луѓе завршија во затвор,а десетици илјади ги изгубија работните места.

Турските власти го обвинија свештеникот Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, дека стои зад заговорот за пуч, но тој негираше каква и да е вклученост. Околу 240 луѓе беа убиени за време на обидот за пуч кој се случи на 15 јули.