Киргистан - Царска Русија сторила геноцид врз Киргизите

Казнувањето на населението во Киргистан од страна на царска Русија во 1916 е геноцид, заклучила Киргистанската јавна комисија. Шефот на комисијата, Азимбек Бекназаров рече дека заклучокот на комисијата е изведен врз основа на податоци извадени од архивите обезбедени од страна на руските и кинеските власти. За време на Првата светска војна, Русија одлучила да го вклучи населението од Централно-азиските земји во армијата, но не како војници, туку како невооружени работници кои требало да прават ровови и престојувалишта за војската. Многу Киргизи и Казахстанци одбиле да одат и отворено се побуниле против руските власти.

Се верува дека меѓу 100 илјади и 270 илјади Киргизи се убиени од страна на баталјоните на царска Русија, а стотици илјади други избегале во соседната кинеска провинција Ксинџијанг.

Во април, претседателот на руската Државна дума Сергеј Наришкин ги отфрли обвинувањата за геноцид сторени пред сто години и рече дека во тоа време сите народни страдале.