ЕВН: сите трафостаници во поплавените региони се под напон

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите, соопшти денеска од компанијата.

Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици корисници чии домови се под вода и кал, како што се наведува, остануваат без електрична енергија, бидејќи во моментов не е безбедно.

Екипите на ЕВН Македонија и натаму ќе останат да работат на терен во координација со локалната самоуправа, владиниот и градскиот кризен штаб. Од компанијата апелираат корисниците во регионот каде се санира мрежата, ништо да не преземаат на своја рака и за се што е потребно околу инсталациите и енергетската опрема да се во координација со екипите на ЕВН.