Во судар на чамци во Грција, три жртви

Тројца луѓе загинаа, а тројца се повредени во денешната несреќа, откако глисер се удрил во туристички брод во близина на грчкиот остров Егина, близу до Атина.

Причините за несреќата засега не се познати. Крајбрежната стража соопшти дека настраданите од водата биле извадени со помош на приватни чамци, кои биле таму во моментот на несреќата.

Во двете пловила имало вкупно околу 20 луѓе. Не е позната ниту националноста на жртвите.