Турската полиција апси во Судската палата во Истанбул

Архивска фотографија

Главното обвинителство на Истанбул издало наредба за апсење на 83 службеници од Судската палата, по што полиција презеде акција во рамки на истрагата против терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), која турските власти ја обвинуваат за организирање на обидот за преврат од 15 јули, информира весникот „Милиет“.

Екипи на полицијата ги претресуваат службените канцеларии на осомничените. Заради операцијата блокирани се излезите од зградата.

Полициски екипи вчера приведоа 136 службеници за време на операции во три истанбулски судови, во рамки на истрагата за обидот за преврат од пред еден месец.