Бомбашки напад во Дијарбекир, шест жртви

Шест луѓе, од кои четворица полицајци и двајца цивили загинаа при експлозија во близина на најголемиот град во југоистична Турција, Дијарбекир. Извештаите покажуваат дека најмалку 25 луѓе се повредени од кои осум полицајци .Како што јавија турските медиуми, експлозијата била предизвикана од автомобил бомба паркиран пред полициска станица. Официјалните лица ја обвинуваат Курдската работничка партија дека стои зад нападот, но засега никој не презел одговорност за истиот.