Заев и Купчан разговарале за предизвиците на Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со Чарлс Купчан, виш директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД.

На средбата е разговарано за моменталната состојба во Македонија и предизвиците за спроведување на неопходните реформи за кредибилни избори во декември, велат од СДСМ.

Заев, како што наведува СДСМ, посочил дека е важно да се завршат договорените процеси до крајот на овој месец во делот на прочистувањето на Избирачкиот список и професионалното известување на медиумите за да се отвори пат за избор на техничката Влада.

„На средбата заеднички беше оценето дека за иднината на Република Македонија клучно е враќањето на земјата на нормалниот колосек и патот кон евроатланските интеграции“, се вели во соопштението.