Експлозија во југоисточна Турција

Тројца луѓе, двајца полицајци и еден цивил, загинаа, а неколку други се повредени денеска при експлозија во близина на најголемиот град во југоистична Турција, Дијарбекир,

Како што јавија телевизијата НТВ, експлозијата била предизвикана од автомобил бомба, која била паркирана пред полициска станица, најверојатно поставена од припадници на Курдската работничлка партија (ПКК).

Мнозинството жители во реонот на Дијарбекир се Курди. Во изминатива година тој дел на Турција беше место на постојани напади на припадници на Курдската работничлка партија, како и на судири на нејзини припадници со турските безбедносни сили.