По месеци одлагање Ирак одобри нови министри

По месеци расправа и одлагања, ирачките пратеници денеска одобрија пет нови министри во владата на Ирак. Денеска се избрани министер за нафта, за транспорт, домување и градежништво, за високо образование и министер за водени ресурси. Пратениците не избраа министер за трговија. Премиерот Хаидер ал Абади во февруари изјави дека сака да ја пополни својата влада со технократи, но наиде на отпор од парламентарните партии кои сакаат политички фигури за министри.