Бомбашки напад на автобус во Сирија

Архивска фотографија

Најмалку 32 сириски бунтовници загинале во бомбашки напад на автобусот со кој се превезувале во близина на границата со Турција. Сириската опсервaторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти денеска дека напаѓач поставил експлозивна направа на автобусот со кој се превезувале бунтовници во близина на градот Алепо. Во нападот загинале и двајца турски граничари. Нема податоци за тоа колку луѓе се повредени.