Собранието донесе заклучоци за поплавените

Пратениците во македонското Собрание со 58 гласови „за“ и еден против, изгласаа заклучоци за состојбата во полавените подрачја во скопско. Усвоените заклучоци беа предложени од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ и за нив не гласаа пратениците од опозицијата.

Претходно, Собранието не ги прифати заклучоците предложени од СДСМ. За предложените заклучоци од опозицијата гласаа 29 пратеници, а 58 беа против.

Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во пресрет на жителите од погодените подрачја.Се бара Владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување на погодените семејства и да продолжи да се ангажира за брза проценка на штетите. Државните институции да преземат законски мерки против оние кои ја злоупотребуваат настанатата состојбата за финансиска корист. Владата треба да изврши проценка и доколу е потребно да пренасочи средства од одредени тековни буџетски ставки. Главните барања на СДСМ, пак, беа да се исплати итна помош на настраданите, а надлежните даодговараат за направените пропусти.

СДСМ бараше и да се стопира изградбата на панорамското тркало во Скопје.