Мостот во Косовска Митровица за нормализирањето на односите

Канцеларијата на ЕУ во Косово соопшти дека работите кои се изведуваат на мостот во Косовска Митровица се очекува да ги олесни контактите меѓу жителите од северниот и јужниот дел на градот, но и пошироко.

„Со отпочнувањето на имплементацијата на овој договор, мостот во Митровица ќе стане симбол на нормализирањето на односите меѓу заедниците“, стои во соопштението за медиумите.

Работата на мостот е дел до договорот Белград-Приштина.

Проектот е финансиран од Европската унија со средства во износ од над 1,2 милиони евра.