Бајден бара намалување на тензиите околу Крим

Архивска фотографија: Американскиот потпретседател Џо Бајден и претседателот на Украина Петро Порошенко

Американскиот потпретседател Џо Бајден побара од претседателот на Украина Петро Порошенко да направи сè што може за да се избегне ескалација на односите со Русија во врска со Крим, соопшти Белата куќа. Бајден и Порошенко телефонски разговарале за неодамнешните тензии околу анкетираниот полуостров. Американскиот потпретседател побарал од украинскиот лидер да покаже воздржаност. Од Белата куќа велат дека и од руската страна било побарана воздржаност.

„Двајцата лидери ја потврдија својата силна поддршка преку политички и дипломатски средства да се врати суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, особено преку целосна имплементација на договорите од Минск“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Бајден и Порошенко исто така разговарале за потребните реформи кои треба да ги направи Украина за да ги исполни условите утврдени од страна на Меѓународниот монетарен фонд, за земјата да добие кредити.