Пакистан пресече синџир на продажба на новороденчиња

Пакистанските власти уапсиле неколку вработени во болница во Пешевар кои киднапирале и препродавале новороденчиња. Полицијата соопшти дека тие се осомничени дека заменувале новороденчиња со мртви бебиња, а потоа ги продавале. Бебињата достигнувале цена од 650 до 2.850 долари. Препродавачите на бебиња признале дека продале девет новороденчиња, соопшти полицијата. Безбедносните сили при апсењето спасиле едно киднапирано бебе.