Борисов загрижен за односите меѓу ЕУ и Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ја повика Европската унија да ги одржи добрите односи со Турција, и покрај зголемувањето на тензиите по обидот за пуч во јули, пред се, заради опасноста неговата земја да биде преплавена од мигранти доколку не успее договорот со Анкара.

Тој додаде дека верува дека неговите европски колеги „се свесни за ризикот дека Бугарија и Грција можат да бидат соочени со огромни проблеми“.

Односите меѓу Турција и ЕУ се влошија од 15 јули, кога беше изведен неуспешен обид за државен удар.

Турција ги отфрли критиките од ЕУ дека чистките што следеа не се во склад со нормите кои Анкара мора да ги исполни за да и биде одобрено воведување безвизен режим и да и се скрати процесот на пристапување кон Европската Унија.