Трамп бил саркастичен во изјавата за Обама и ИД

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп рече дека бил саркастичен кога го опишувал претседателот Барак Обама како основач на терористичката група Исламска држава. Тој на Твитер ја критикуваше телевизијата Си-Ен-Ен дека не го сфатила сарказмот во неговата изјава кога известувале за тоа, односно дека го сфатиле премногу сериозно.

„Тие не го сфакаат сарказмот?“, праша Трамп на Твитер.

Трамп на митинг на 10 август рече дека Обама е основач на ИД, а тоа го повтори уште во две интервјуа. Тој исто така има изјавено дека Обама и кандидатката на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон се највредните играчи на Исламската држава.