Расте бројот на мигранти кои пристигаат во Италија

Граничната агенција на ЕУ соопшти дека повеќе од 25 илјади мигранти пристигнале во Италија во јули, 12 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Од Фронтекс денеска велат дека повеќето од мигрантите кои преку Медитеранот доаѓаат во Италија се Нигеријци и Еритрејци. Од Агенцијата велат дека се повеќе се користат чамци со лош квалитет за превоз на мигрантите. Голем дел од мигрантите остануваат заглавени во Италија, оти границите со Франција и со Швајцарија се затворени за мигранти. Од друга страна пак е намален бројот на мигранти кои пристигнуваат во Грција и тоа за 97 отсто помалку отколку во јули минатата година, главно како резултат на договорот меѓу Европската унија и Турција.