Шефот на Кабинетот на Путин доби пониска позиција

Шефот на Кабинет на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов, е преместен на помалку влијателна позиција. Кремљ денеска соопшти дека Иванов од сега ќе работи како претставник на претседателот задолжен за прашањата за животна средина и транспорт. На местото на Иванов, доаѓа неговиот заменик Антон Ваино. По соопштението на Кремљ, Путин рече дека Иванов сам побарал да ја напушти позицијата шеф на Кабинетот. Освен тоа Иванов повеќе не е ни дел од Советот за безбедност, највисокото управно тело за безбедност на Русија.
Иванов, кој е поранешен агент на КГБ, поранешен министер за одбрана и поранешен заменик-премиер, се сметаше за еден од најблиските сојузници на Путин.