Во Рио откриени допингувани спортисти

Пливачката од Кина, Чен Шињи е првата спортистка која користела недозволени средства, покажа нејзиниот допинг тест.

Пливачкиот сојуз на Кина соопшти дека Чен била позитивна на диуретик хидрохлоротиазид. Таа беше тестирана по трката на 100 метри пеперутка што ја заврши на четвртото место.

Покрај пливачката од Кина, позитивен допинг тест на еритропојетин имаше и бугарската атлетичарка Силвија Денкова.