Турција останува во коалицијата против ИД

Улогата на Турција во коалицијата предводена од САД против организацијата Исламска држава ќе продолжи без прекин и покрај тензиите меѓу Западот и Анкара, поради справувањето на турските власти со последиците од неуспешниот обид за воен удар во земјата. Министерот за одбрана Фикри Исик во интервју за телевизискиот канал Хабертурк вели дека останува улогата на неговата земја во коaлицијата.

Турција отпушти и приведе илјадници луѓе по обидот за пуч на 15 јули, обвинувајќи ги дека се следбеници на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен.

САД и ЕУ ја повика турската влада да покаже воздржаност при справувањето со последиците од неуспешниот државен удар.