Потпретседателот на САД, Бајден ќе го посети Косово

Американскиот потпретседател Џо Бајден, заедно со сопругата, во вторник ќе допатува во Приштина, каде што ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа. Како што јави МИА, Бајден во Приштина ќе пристигне во вторник навечер, а средбите се закажани за среда. Според електронското издание на приштинскиот веник „Експрес“, не се планирани средби на американскиот потпретседател со ниту еден од лидерите на опозициските партии, кои се противат на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, кој е поддржан од САД.

Под патронат на Владата на Косово, Џо и Џил Бајден ќе престојуваат и во кампот Бондстил, каде ќе присуствуваат на свеченоста по повод именуањето на улица по името на нивниот починат син Џозеф „Бо“ Бајден, стои во соопштението на американската Амбасада во Приштина.