Приведени 42 вработени во ТРТ

logo TRT Haber

Четириесет и двајца вработени во турската државна телевизија ТРТ се приведени во рамките на истрагата за обидот за преврат од 15 јули, за кој властите го обвинуваат исламскиот проповедник Фетула Ѓулен и неговите следбеници од организацијата ФЕТО, информира весникот „Милиет“.

Приведените, меѓу кои и портпаролот на телевизијата и инспектори, се одведени во дирекцијата на полицијата во Анкара, за да дадат свои изјави.