ЕВН приклучува струја во погодените подрачја

ЕВН Македонија го нормализира снабдувањето со електрична енергија во уште 2.000 домови во најпогодениот регион од поплавите во Скопско.

Како што информираат од компанијата, од вкупно 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме скоро сите се под напон. Се уште се работи на отстранување на дефектите на десетина трафостаници кои се под вода. Се работи и на реконструкција на дистрибутивната мрежа во деловите кои беа однесени од големите води.

Без напојување и натаму ќе останат само домовите каде не е безбедно да се пушти напон и корисниците кои сами не сакаат да бидат приклучени додека не ја санираат внатрешната инсталација, потенцираат од ЕВН Македонија.